Бројни инжинери на „Амазон“ моментално работат на домашен робот со кодно име "Vesta" кој би можел да се појави на пазарот веќе во текот на идната година.
„Амазон“ се подготвува за својот најамбициозен (хардверски) проект досега - после Kindle, таблетот Fire и паметниот звучник Echo, компанијата на Безос сега развива - домашен робот.
Моментално нема премногу информации за овој „амбициозен и таен проект“ со кодно име "Vesta", но познато е дека „Амазон“ веќе подолго време вработува експерти за роботика.
Повеќе информации околу роботот на „Амазон“ би требало да бидат достапни во јавноста кон крајот на оваа година кога ќе започнат и првите тестирања, а доколку тестирањата поминат успешно, речиси сигурно е дека роботот на „Амазон“ ќе се најде во продажба веќе на почетокот на идната година.
За неговиот развој е задолжен Грег Зер, шеф на одделот на „Амазон“ за истражување и развој на хардвер "Lab 26" кој што работи на претходните големи проекти околу Echo, Fire TV и самиот таблет Fire, а исто така на Зер му се припишува и дебаклот со Fire Phone.
Роботот ќе биде опремен со напредни камери и напреден софтвер и ќе може да се движи низ домот „како автономен автомобил“, открива "Bloomberg".
Освен тоа што се уште е рано да се зборува за тоа што овој робот на „Амазон“ конкретно ќе прави, според некои гласини би можел да служи како „мобилен Alexa уред“ и да ги следи корисниците во просторите каде што нема таков паметен звучник, но сепак, јасно е дека можностите на еден така напреден робот како што се најавува ќе бидат поголеми.