Фердинанд го посочи човекот кој имал најглавна улога во високата победа на Ливерпул над Рома

Дерби

25/04/2018

20:01

2.872

Големина на фонт

а а а

Рио Фердинанд му се придружи на Стивен Џерард со пофални зборови за начинот на кој игра Мохамед Салах оваа сезона, но покрај тоа што го окарактеризира напаѓачот на Ливерпул како еден од најдобрите играчи во светот во овој момент, легендата на Манчестер Јунајтед во својата анализа првото полуфинале во Лигата на шампионите стави посебен акцент на уште еден човек.

Поранешниот дефанзивец одлучи да го намали учинокот на Салах и да го тргне сиот товар од негоите раменици, порачувајќи дека најглевен виновник за сето она што се виде на теренот е тренерот на Рома. Рио го посочи Еузебио Ди Франческо како клучен фактор во високата победа на Ливерпул, бидејќи според него, тој едноставно не можел да дозволи толку високо поставена линија на дефанзивци против брзи играчи како Салах, Фирмино и Мане.

– Мислам дека тренерот на Рома е најодговорен за тоа што се случи. Мора да ја преземе одговорноста за резултатот. Многу ретки се ситуациите кога само тренерот е виновен за перформансот на еден цел тим, но овојпат тоа е така. Тој денеска ги изневери своите фудбалери, ги намести на начин на кој не смееше да ги намести. Ги намести за да го изгубат овој меч. Не смеете да поставите висока линија на одбрана против тим кој игра толку брз фудбал. Со начинот на кој ги намести и ја постави тактиката, се прашувам дали воопшто има изгледано еден натпревар на Ливерпул оваа сезона, – порачува Фердинанд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг