Ниедна не го сакала, па газел живи луѓе: Шифрираната порака на манијакот од Торонто го открива мотивот за нападот

Точка

25/04/2018

17:36

3.452

Големина на фонт

а а а

Кратко пред со комбе да покоси голем број на луѓе во Торонто, при што убил 10 и повредил 14 случајни минувачи, на Фејсбук се појавил многу краток пост на Алек Минасиан, осомничениот за нападот.

Минасиан со изнајмено бело комбе намерно се залетал во масата луѓе во северниот дел на Торонто. Прегазил голем број на пешаци и убил 10. Засега е познат идентитетот на само три жртви, Ен-Мери Ди Амико, која работела за американска инвестициска компанија и двајца Јужнокорејци. 

Иако полицијата засега наведува дека обвинетиот не им бил познат и дека неговите мотиви се непознати, од полициската истрага вчера протекле првите интересни детали.

Имено, Минасиан непосредно пред почетокот на својот крвав поход на Фејсбук оставил "шифрирана порака", наведува "CNN".

##https://twitter.com/TrumpWillWinnn/status/988562811512020992##

"Инцел побуната веќе започна! Ќе ги замениме сите Чед и Стејси! Сите поздравете го врховниот господин Елиот Роџер", напишал неколку минути пред да ги гази пешаците со комбе. "BBC" пренесува повеќе детали и наведува дека пораката всушност е пофалба за Елиот Роџер, 22-годишно момче од Калифорнија, кое во 2014. година во Исла Виста убил шест лица, ранил уште 14, а потоа извршил самоубиство.

Терминот "Incel" е кратенка од зборот "Involuntary Celibate" - "ненамерен целибат" и тоа било името на сега забранетата група на "Reddit", која ја користел Роџер, а во која момчиња расправале за сиромашниот сексуален живот и фактот дека не им се привлечни на жените, често обвинувајќи ги токму нив за тој проблем.

"Чед" и "Стејси" биле имињата со кои биле нарекувани привлечните мажи и жени, недостижни за членовите на групата "incel", момчиња кои ненамерно живеат во целибат.

Минасиан посетувал средношколска програма за ученици со посебни потреби.




Спонзорирани линкови

Маркетинг