Рокада на најмоќните: Дали Ангела Меркел ќе му го препушти на Макрон местото "Број еден" во Европа?

Точка

25/04/2018

18:44

2.766

Големина на фонт

а а а

Помпезниот дочек на Емануел Макрон во Белата куќа е уште еден доказ дека тој е на пат да ја тргне Ангела Меркел од "тронот" најважен политичар во Европа.


Симболично е дека американскиот претседател Доналд Трамп вчера раскошно го примил својот француски колега, а посетата на германската канцеларка, која треба допрва да се случи, е најавена како "кратка и работна", пишува "Spiegel". 

Заостанувањето на Германија како лидер не е само резултат на мачните обиди на Меркел да оформи влада по изборите во септември минатата година, туку и на политиката кон бегалците која била навреда за речиси сите германски сојузници.

Нејзиното изоставување од големите светски случувања е резултат и на уставните ограничувања, за кои парламентот мора да даде одобрение.

Меркел ги забележува настанатите промени во моќта. На крајот од последниот самит на Европската Унија, брзо бегала од новинарите по кратките изјави, додека Маркон останувал да разговара со светските лидери.

Нивите пристапи се потполно различни. Тој не бега од големи идеи, и може да се спореди со Барак Обама, чија популарност може да се препише и во говорничките вештини. Прагматизмот отсекогаш бил клуч за успехот на германската канцеларка, но и недостасува талентот на Макрон за драматургија, поради што тој сега го презема кормилото и е првиот европски број на "speed dial"-от на Америка.

Нов европски лидер: Макрон

Можеби било добро што Германија не учествувала во воздушните напади на Сирија на 13. април, но државата не може да продолжи да спроведува воена апстиненција на подолг рок.

Затоа е неопходно и да се ограничат одобренијата на германскиот парламент за сите облици на воени акции, за да може брзо да се реагира. Тоа би било и предуслов за поблиска воена соработка во Европа. Тоа е став кој исто така го има и францускиот претседател. Кога Макрон бил на гости кај Меркел за време на својата посета на Берлин во четвртокот, еден германски новинар го прашал дали сака да види вклучување на Германија во Сирија.

Рекол дека имал интензивни разговори со Меркел деновите пред воениот удар. Но, рекол, германското учество не би било реално поради уставните ограничувања. Во таква нестабилна ситуација, додал тој, не може да почекате неколку седмици за парламентарна расправа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг