Мет Лебланк открил непријатен детаљ од снимањето на серијата „Пријатели”

Точка

25/04/2018

19:34

7.081

Големина на фонт

а а а

Актерот Мет Лебланк беше гостин во „The Graham Norton Show” и откри смешен и одвратен момент од снимањето на "Пријатели".

Станува збор за епизода од шестата сезона „The One Where Ross Got Hight”, кога Рејчел го прави десертот со месо и кромид за време на „Денот на благодарноста”, и Рос и Џои глумат дека им се допаѓа десертот што таа го спреми.


Говорејќи за таа сцена, Лебланк рече дека "колачот", всушност, е направен од банана и шлаг крем, што и не е тешко за јадење, се додека не дознал еден интересен детаљ.

Во таа епизода, Џои ужива во јадењето, па дури го зема и делот на Рос.


„Имаше премногу во неговата чинија, тој почна да јаде, но не можеше да дојаде сè, почна да се смее, и туку ја прекинавме сцената. Тогаш го плукнал залакот кој го имал во уста. Седев до него, но бидејќи гледав на другата страна, не го забележав тоа”, објаснува Лебланк.


Несвесен за она што се случило, Лебланк после тоа го земал баш тоа парче од чинијата на Рос и го изел кога се вклучиле камерите.

„И ние повторно снимаме, јадам и завршува сцената. Никој не ми кажа ништо”, продолжува тој.


Вистината ја дознал кога ги гледале собраните смешни сцени од снимањето. Му текнало на таа сцена, но неговата насмевка одеднаш исчезнала од неговото лице кога видел што се случило.

„И никој никогаш не ми кажа ништо?”,заврши тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг