„Бела смрт”: Колку шеќер дневно смееме да внесуваме?

Точка

25/04/2018

20:00

8.969

Големина на фонт

а а а

Кога станува збор за внесување шеќер во организмот, може да се слушнат различни работи. Најчести се оние кои велат дека различни видови „здрава храна” (мусли, овошен јогурт, различни здрави слатки, итн) се преполни со шеќер, како и дека внесувањето една од овие намирници на еден оброк можеби може да ја задоволи дневната потреба на организмот за шеќер.


Но не е само чист, бел или кафеав шеќер во прашање. Освен сахароза, тука се и гликоза, фруктоза, малтоза, сируп од пченка, хидролизиран скроб и меласа. Сите овие видови шеќер се користат на различни начини во производството на храната што ја консумираме секојдневно.


Нутриционисти сметаат дека шеќерите не треба да бидат повеќе од 5 проценти од вкупната енергија или внес на калории од храната и пијалакот кои ги внесуваме во телото во текот на денот. А тоа отприлика изнесува  30 грама или околу 7,5 лажички шеќер.

Според возраста на човекот, табелата со дневни вредности на внесот на шеќери треба да изгледа вака:

- Возрасни: не повеќе од 30 грама / еквивалент на 7 коцки шеќер.

- Деца меѓу 7 и 10 години: не повеќе од 24 грама / еквивалент на 6 коцки шеќер.

- Деца меѓу 4 и 6 години: не повеќе од 19 грама / еквивалент на 5 коцки шеќер.

- За деца под 4 години нема дефинирано вредност, но се препорачува избегнување на засладени пијалаци и храна во која се додава шеќер.


Овие количини се однесуваат на „слободни шеќери”, односно кои се додаваат во храната во процесот на производство, како и на шеќери присутни во мед, сирупи и овошни сокови.


Шеќери кои може да се најдат во млеко, овошје и зеленчук не се сметаат за „слободни шеќери” и на нивното внесување не е неопходно да се обрне посебно внимание. Меѓутоа, овие шеќери се пресметани во вкупните количини на шеќер наведени на декларациите на производите што ги содржат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг