Ова е последниот трејлер за филмот „Светот Јура 2”

Точка

25/04/2018

20:17

3.369

Големина на фонт

а а а

Последниот трејлер за филмот што очекува светска премиера во јуни, излезе пред неколку дена. Темата на „Светот Јура: Паднатото Кралство”, како и претходните продолженија, е светот во кој доминираат диносаурусите.

Приказната на Паднатото Кралство е продолжение на „Светот Јура” од 2015 година, а ги следи Овен и Клер кои се враќаат на островот Нублар, кој некогаш припаѓаше на паркот Јура.


Двајцата ќе се обидат да ги спасат праисториските ѕверови од вулканот, што повторно се заканува дека ќе го загрози нивниот опстанок.


Бидејќи овој обид станува се поопасен за нивниот живот, тие почнуваат да откриваат дека и судбината на човечката раса е доведена во прашање.


Водечките улоги ги толкуваат Крис Прат и Брајс Далас Хауард. Премиерата на филмот "Светот Јура: Паднатото кралство" е закажана за 22 јуни.


За мене лично најубав и најоригинален е секако првиот дел од „Паркот Јура” што гледано од денешна точка е маестрално направен, а секако и идејата е оригинална. Сите делови после тоа се лошо продолжение за правење пари. Навистина не им требаа овие нови продолженија, но изгледа новиве генерации го сакаат. Погледнете го новиот и последен трејлер од „Светот Јура: Паднатото Кралство”.




Спонзорирани линкови

Маркетинг