Руската војска соборила два дрона во Сирија

Макфакс

25/04/2018

20:12

2.058

Големина на фонт

а а а

Руската војска денеска соопшти дека синоќа соборила два дрона на бунтовниците кај руската воена база „Хмејм“ во западниот дел на Сирија.

„Вчера околу 20 часот по локално време системите на руската противвоздушна одбрана открија и уништија два дрона на бунтовниците, на десет километри од аеродромот во Хмејм“ рекол во Москва началникот на Генералштабот, Сергеј Рудској.

Русија во Сирија има две бази со ПВО-системи, поморската база „Тартус“, недалеку од границата со Либан и Хмејм, северно од Латакија.

Хмејм ја штитат батериите од системот „С-400“ и мобилните ПВО-системи „Панцир“ и „Тор М1“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг