„Академците“ се вратија за реми со шампионот, Ангелов го „стресе“ Вардар

Макфакс

25/04/2018

20:16

1.656

Големина на фонт

а а а

Академија Пандев ја имаше честа прва да го пречека новиот шампион на Македонија, тетовска Шкендија во 30. коло во Првата лига, и со одлично второ полувреме успеа да извлече 2:2 реми.

Шкендија во првиот дел за само три минути постигна два гола за да најави победа во Струмица. Жуниор во 16. и Ибраими во 19. минута беа прецизни за тетовскиот клуб, но Академија Пандев направи пресврт во второто полувреме – прво преку Балдовалиев во 53. минута, а потоа преку Јани Атанасов од пенал во 65. минута.

Вардар пак, откако стана јасно дека Шкендија е новиот шампион, зареди три порази во низа, овојпат од градскиот ривал Работнички. Виктор Ангелов со прекрасен гол од работ на шестнаесетникот им донесе победа на „романтичарите“ со која се доближија на само четири поени до третопласираниот Силекс.


Пелистер успеа да ги совлада кратовци со 2:1, за да си ги зголеми шансите за опстанок, одвојувајќи се на три поени пред последнопласираниот тим на Скопје, кој загуби со 2:0 од Ренова. На битолчани им одговараше и поразот на Победа од 3:1 кај Шкупи, за да се доближат на само еден поен до пелагониските ривали.

ПМФЛ, 30.КОЛО

Вардар – Работнички 0:1

Академија Пандев – Шкендија 2:2

Пелистер – Силекс 2:1

Ренова – Скопје 2:0

Шкупи – Победа 3:1

Табела: 1.Шкендија 76, 2.Вардар 49, 3.Силекс 45, 4.Работнички 41, 5.Ренова 37, 6.Академија Пандев 36, 7.Шкупи 36, 8.Победа 29, 9.Пелистер 28, 10. Скопје 25.




Спонзорирани линкови

Маркетинг