Јапонски трансформери: Од робот до автомобил за една минута

Супермен

26/04/2018

14:28

2.325

Големина на фонт

а а а

Хуманоидниот робот кој може за 60 секунди да се трансформира во автомобил, денеска беше претставен во Јапонија.

Роботот наречен RIDE е дело на Кенџи Ишида, директор на компанијата Brave Robotics, пренесува Ројтерс. 


“Пораснав верувајќи дека роботите треба да бидат способни да прават такви работи и тоа стана моја мотивација да развијам ваков робот”, изјави Ишида за британската новинска агенција.

Сино-белиот робот висок 3,7 метри може да превезе двајца патници кога ќе се трансформира во автомобил.


“Поединци гледаат на овој робот како на “скапа играчка”, но тој е направен за да ги инспирира другите”, вели Ишида.

Погледнете го видеото:


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk