Владимир е првиот човек кој загинал во вселената: Снимката на која плачел и викал била неподнослива за слушање

Супермен

07/05/2018

14:52

8.019

Големина на фонт

а а а

Владимир Комаров бил припадник на првата генерација на советските астронаути, заедно со Јуриј Гагарин и Герман Титов.

Сојуз 1 бил првиот лет со човечки екипаж во склоп на Советската вселенска програма. Леталото било лансирано во орбитата пред 51 година, во април 1967 година, со астронаутот Владимир Комаров. 

Комаров е првиот човек во историјата кој два пати отпатувал во вселената и прв кој загинал во вселенска мисија.


Неговиот прв лет во 1964 година – Восход 1 бил успешен, но на вториот лет три години подоцна, тој загинал. Тогаш имал 40 години. Според првобитниот план, Сојуз 1 требало да се сретне во орбитата со Сојуз 2 за да направи размена на екипажот и да се врати на Земјата.

Но, од самиот почеток, мисијата била оптоварена со проблеми – инженерите и конструкторите пријавиле дури 203 грешки на леталото, но политичкиот врв ги игнорирал и го наредил лансирањето и наспроти техничките недостатоци.

Поради сето тоа, лансирањето на Сојуз 2 било откажано, а Сојуз 1 по итна постапка требало да се врати на Земјата. Ориентирајќи се кон Месечината, Комаров успеал со рачни команди да ги вклучи моторите за враќање на Земјата, но уште во текот на кружењето околу нашата планета, тој почувствувал дека нема да успее да преживее.


За време на влегување во атмосферата, вселенското летало патувало со шест километри во секунда и доживеало аеродинамична сила и екстремна топлина поради триењето.

Во текот на падот, пораките кои биле забележани, биле морничави за слушање. Астронаутот плачел, беснеел и ги пцуел сите кои го ставиле во расипан вселенски брод. На снимката можело да се чуе и како вика дека температурата во капсулата расте.

При отворање на падобранот, дошло до заплеткување на јажињата и падобранот не се отворил целосно. Капсулата удрила во тлото со брзина од 140 километри на час при што Комаров загинал.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk