Направил 40 естетски операции: “Кога жените ќе ме прашаат зошто, јас ги прашувам зошто ги лакираат ноктите и ja бојадисуваат косaта”

Супермен

09/05/2018

15:12

6.199

Големина на фонт

а а а

Австралијанецот Итан Брембл (21) се опишува како “најмодифицираното момче на светот” бидејќи тој потполно го изменил својот изглед, подложувајќи се на вкупно 40 операции и цртајќи го своето тело со 150 тетоважи.

Сè започнало кога на 11 години Итан ги проширил своите ушни ресички и оттогаш не запрал.


Тој осум години работел како тату-артист и честопати правел нови тетоважи на себеси, а на 17 години станал опседнат со “конкретни” хируршки зафати како раздвојување на јазикот. По ваквата операција ги дупнал ноздрите, а платил и за отстранување на папокот.

“Ми приоѓаат на улица, посебно девојки, и ме прашуваат зошто. Јас им одговарам со прашање: Зошто ја бојадисуваш косата и ги лакираш ноктите? Зошто се шминкаш секое утро? Тоа е мој избор и сакам да изгледам токму вака”, изјавил Итан и додал:

“Секогаш сум верувал дека не треба да ги осудуваме луѓето според изгледот и тоа вреди единствено ако сте доследни на самите себеси”.

Брембл е татко на едномесечна ќеркичка, а на социјалните мрежи го следат повеќе од 65 илјади луѓе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk