Новитет на пазарот: Официјално претставена новата Nokia X6

Супермен

17/05/2018

13:12

1.330

Големина на фонт

а а а

Компанијата HMD Global официјално го претстави својот нов паметен телефон Nokia X6, прв модел од освежената X-серија. Овој телефон од средниот сегмент во премиум куќиште е претставен во Кина.

Nokia X6 има 5.8-инчен FHD+ (1080 x 2280p) дисплеј, со 19:9 однос на страници и заштитна обвивка Cornin Gorilla Glass 3. 

Ова е првиот Nokia телефон со изрез на врвот на екранот во кој се сместени предната камера со 16 MP и функција за отклучување со помош на лицето.

На задната страна се наоѓа систем со две камери кој се состои од стандардниот сензор од 16 MP со f/2.0 бленда и 5MP монохромен сензор со f/2.2 отвор на блендата.

Сите камери имаат корисни AI трикови, како што е позадинско заматување, препознавање на лицето, динамичка експресија и филтери. На задната страна се наоѓа и сензор за отпечатоци на прсти.

Телефонот го покренува Snapdragon 636 процесор, заедно со 4GB RAM и 32GB/64GB интерна меморија, односно 6GB RAM и 64GB простор за складирање. Хибридниот слот може да послужи за проширување на складишниот простор или за додавање на уште една SIM картичка.

Батеријата на телефонот има капацитет од 3060 mAh и се полни преку USB-C конектор до брзина од Quick Charge 3.0. Тоа би требало да овозможи полнење до 50% за 30 минути.

Оперативниот систем на телефонот е Android 8.1 Oreo, со надоградба за Android P.

Паметниот телефон ќе биде достапен во сина, црна и сребрена боја. Nokia X6 во Кина ќе се продава од 21-ви мај, додека сè уште се очекува потврдата за достапност надвор од Кина.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk