TAG Heuer со нов часовник: Carrera Chronograph GMT

Супермен

18/05/2018

13:00

1.290

Големина на фонт

а а а

Во чест на 55-годишнината од првиот Heuer Carrera часовник, TAG Heuer го претставува новиот модел со Heuer 02 механизам и GMT функција.

Овој часовник е есенцијален акцесоар, наменет за помладите генерации кои се гладни за патување и авантури. 

Авангарден од своето основање во 1963 година па сè до денес кога ја претстави потполно новата Heuer 02 линија, вклучувајќи и иновативни модели како ултрамодерниот Connected Modular часовник, колекцијата TAG Heuer Carrera слави 55 години од постоењето во 2018 година.


Овој нов модел има оригинални “3-6-9” бројачи од 1963 година. Хронографите за минутите и часовите се наоѓаат на позиција на 3 и 9 часот, со мал хронограф за секунди, а сè е надополнето со функцијата GMT (Greenwich Mean Time).

Втората временска зона, ултра практична карактеристика на овој модел, се чита со помош на црвената сказалка и црно-сината керамичка маска која има 24-часовна GMT скала.


Со цел да обезбеди оптимална читливост, GMT сказалката е инженерски поставена во секундарна положба – помеѓу сказалките за часови и минути, овозможувајќи брз и јасен увид.

Механизмот Heuer 02 е видлив преку скелетизираниот бројчаник, а е сместен во внатрешноста на цврстото челично куќиште со пречник од 45 милиметри. Carrera Chronograph GMT е водоотпорен до 100 метри длабочина.


Новиот модел на TAG Heuer смело ја демонстрира висината на авангардната технологија на овој швајцарски производител на часовници, а истиот е достапен во верзија која поседува ременче од нерѓосувачки челик или гума.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk