Нема повеќе препишување – училиште во Кина користи технологија за препознавање на лица

Супермен

18/05/2018

13:58

1.604

Големина на фонт

а а а

Едно средно училиште во градот Хангџоу, Кина започна да ја користи технологијата за препознавање на лица, со цел да ги следи учениците и да открие колку тие ја следат наставата.

Системот се состои од три камери кои се поставени над таблата во училиштето, а истиот е во состојба да следи и препознае седум различни експресии на лицето: неутрална, среќна, тажна, разочарана, лута и изненадена експресија. 

Системот на тој начин може и да заклучи дали учениците се фокусирани на наставата, а доколку забележи дека нечие внимание е намалено, тој го известува професорот.

Засега овој систем е поставен само во една училница, но до лето би требало да го добијат и останатите.

“Порано бев мрзелив, спиев или читав други книги за време на часовите кои не ги сакав, но сега веќе не се осмелувам да го правам тоа откако се поставени камери во училницата. Се чувствувам како константно да ме гледаат некои мистериозни очи”, вели еден од учениците.

Овој потег на училиштето наишол и на критики, но директорот сепак верува дека технологијата ќе помогне во подигнување на образовните стандарди.


“Тоа е исто како професорите да имаат асистенти. Со ваквиот систем, технологијата може само да го зголеми квалитетот на учење и предавање. Некои тврдат дека со тоа се нарушува приватноста на учениците, но камерите ги следат само нивните движења, а не ги снимаат активностите во училницата”, вели директорот на училиштето.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk