Последната насловна страница на списанието “National Geographic” масовно се споделува на социјалните мрежи – но не од вообичаени причини.
Насловната страница на јунското издание сугерира дека загадувањето со пластика кое го гледаме е само врв од ледена санта. Насловната е резултат на пластичната кеса кои научниците ја пронајдоа во Маријанската бразда, најдлабоката точка во океанот.
Фотографијата била објавена на 16-ти мај од страна на Вон Валас, уредник на фотографија на “National Geographic”, а набрзо истата станала вирална.
Our latest @NatGeo cover is one for the ages#PlanetorPlastic pic.twitter.com/NssiHOtaYc
— Vaughn Wallace (@vaughnwallace) May 16, 2018
Бројните корисници на социјалните мрежи имале само пофални зборови, како за насловната, така и за фокусот на списанието на едно од најголемите еколошки прашања на нашето доба.
Најновото издание на списанието е посветено на употребата на пластика на Земјата, а исполнето е со впечатливи фотографии и инфографики кои покажуваат колку всушност е загадена нашата планета.
Некои експерти предупредуваат дека проблемот со пластиката е еднаков на оној со климатските промени.
“Присутноста на пластиката во морињата и океаните е една од најголемите опасности за животинскиот свет”, изјавила Консуело Росауро од локалната власт во Шпанија, откако бил пронајден млад кит чија обдукција покажала дека угинал од преголема количина на ѓубре кој тој ја внел во организмот.