Минатиот петок, аукциската куќа “Bonhams Hong Kong” го соборила рекордот со продажба на две шишиња ретко, 60-годишно “Macallan” виски.
Шишињата кои добиле нови сопственици по цена од еден милион долари секое, претставуваат дел од аукцијата “Fine & Rare Wine and Whiskey”, а нивната проценета почетна заработка била нешто пониска од половина од конечната сума.
#UnderTheHammer We beat our own record! The 60-year-old Macallan Valerio Adami from 1926 achieved HKD 7M (HKD 8,636,250 incl Premium) in Hong Kong https://t.co/VSY8jqiXX5 pic.twitter.com/403r8G0r0A
— Bonhams (@bonhams1793) May 18, 2018
Верзијата “Peter Blake” добила нов дом по цена од 1.013.340 долари, додека за шише “Valerio Adami”, новиот колекционер морал да издвои 1.100.169 долари. Претходниот рекорд на најскапото виски изнесувал 631.850 долари, додека шишето во волумен било осум пати поголемо од она кое било продадено во петокот.
Овој вид на виски не е популарно само поради својата старост, туку и потеклото кое стои зад него. Старото “Macalla” виски претставува една од најпопуларните линии на светот. Претходно оваа година, дестилеријата понудила нова колекција на 50 години стари примероци од своите архивски линии по неверојатни цени.
Алкохолот кој се наоѓа во овие шишиња е дестилиран веднаш по Втората светска војна. Вискито како алкохолен пијалак е многу ценето од страна на колекционерите, но исто така и претставува уникатно искуство.