“The Selfish Ledger”: Во јавноста се појави вознемирувачко видео на Google

Супермен

21/05/2018

11:31

1.386

Големина на фонт

а а а

Се чини дека технолошкиот гигант веќе знае за вас повеќе отколку што мислите. Неодамнешната снимка на компанијата Google која се појави во јавноста демонстрира на кој начин собраните податоци можат да се користат за контрола на корисниците.

На видео-снимката наречена “The Selfish Ledger” може да се забележи како машините се свесни за вашите потреби уште пред вас, и можат да ве убедат да го следите нивниот сопствен дневен распоред. 

Google признава дека видеото е “вознемирувачко”, но истакнува дека е во прашање само теориски концепт.

Сепак, неодамнешниот скандал со компанијата Фејсбук и Кембриџ Аналитика покажа дека сомнежите кај “обичните смртници” не се неоправдани.

Авторот на снимката која е стара две години е Ник Фостер, директор на дизајн на компанијата X и соосновач на Near Future Laboratory, а видеото го објави порталот The Verge.


Фостер објаснува дека на нашите мобилни уреди се наоѓаат голем број податоци за нашите “акции, одлуки, преференции, движења и врски”. Овие податоци можат да бидат користени за контрола на луѓето со цел да се создаде подобро општество, така што ќе ги поттикнат корисниците побрзо и поефикасно да ги постигнуваат своите цели.

Сепак, како и сè, така и оваа технологија може да се злоупотреби.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk