Збогум на пластичните ќеси: Новата генерација на биоразградливи ќеси ќе можат да се јадат

Супермен

21/05/2018

12:33

3.112

Големина на фонт

а а а

Група мексикански студенти од Автономниот универзитет во Керетаро произвела прототип на целосно биоразградливи ќеси кои можат да се јадат.

Новиот прозивод е наречен “Болтсири”, а се изработува од пченка и друг агроиндустриски отпад како што се гранки, пилевина и слично.

Оваа ќеса е 100 отсто биоразградлива и не може да ги повреди животните доколку по грешка ја изедат, а и се поевтини за производство.

“Болтсири” ги има сите карактеристики на обична пластична ќеса, освен што не ѝ се потребни неколку стотици години за разградување.

Оваа идеја сè уште е прототип, но се проценува дека производството ќе започне најдоцна за две години.

Во Керетаро, новиот градски закон забранува комерцијална употреба на пластични ќеси, а пред тој закон биле користени 137,5 илјади тони пластични ќеси годишно.


Во просек, секој Мексиканец троши 200 ќеси годишно.

“Кога пластичните ќеси доаѓаат во допир со природата, тие веднаш ја загадуваат. Како инженери по биотехнологија, имаме задача да дизајнираме нови производи кои не ги задоволуваат само човечките потреби туку и да ги решат вистинските проблеми”, навела Ситали Гарсија, лидер на проектот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk