“Може ли да го исклучите моторот на авионот?”: Ова се најлудите барања на патниците

Супермен

21/05/2018

16:03

2.952

Големина на фонт

а а а

Додека одредени луѓе се одлучуваат за првата класа поради удобноста, секогаш постојат и разгалени личности чии барања честопати се граничат со бизарност.

Британскиот “Telegraph” наведува дел од најчудните барања со кои персоналот се соочил во авионската бизнис класа. 

Побуна поради лешници

Еден од најславните инциденти во воздушниот сообраќај веројатно се случил во 2014 година, при полетување на еден авион од њујоршкиот аеродром, а причината за тоа била - сервирање на лешници.

Имено, Чо Хјун Ах, ќерка на сопственикот на јужнокорејската авионска компанија во која се случил инцидентот, кренала паника поради начинот на кој биле послужени лешниците.

Екипажот послужувал лешници во дрвени садови, а Чо сметала дека во прва класа тие мора да бидат сервирани строго во чинија. Таа поради тоа направила инцидент, ја повикала стјуардесата и шефот на персоналот, им наредила да клекнат пред неа и да ѝ се извинат, а потоа наредила и нивно напуштале на авионот.

Поради сето ова, авионот доцнел 20 минути со полетување, а на разгалената госпоѓа ѝ следеле три месеци затвор за нарушување на воздушната безбедност.


“Ја сакам својата пижама”

Двајца патници од прва класа кои летале од Мелбурн, жестоко се побуниле кога од персоналот им било соопштено дека не можат да добијат пижами со поголеми броеви бидејќи моментално немаат такви.

Поради тоа, тие побарале да го напуштат авионот.

Нивната молба била одобрена, а пилотот на останатите патници во авионот им ја објаснил причината поради која доцнел авионот.

 “Може ли да ја намалите бучавата од моторот?”

Еден патник за време на летот побарал да се исклучи моторот на авионот во еден момент.

Приказната била споделена на “Reddit” од страна на еден од патниците:

“Не сум дел од персоналот, но летав во прва класа од Дубаи за Њујорк. Седев, и во еден момент не можев да верувам што слушам – човек во моја близина, мртов ладен ја праша стјуардесата дали може пилотот да го исклучи левиот мотор, за неговиот син да може да спие на мира”, раскажал тој.


Компензација за неред

Една жена која летала за Лас Вегас се полеала со вода, а потоа побарала како компензација за “претрпен страв” да ѝ се донесат пет вотки и десет покривачи.

Жената сама се полила со вода, а според зборовите на лицата од екипажот, таа била во видно алкохолизирана состојба, па во еден момент започнала да измислува дека е нападната од страна на персоналот. 

“Го мразам своето место”

Ивана Трамп, поранешната сопруга на денешниот претседател на САД, била исфрлена од еден авионски лет во 2009 година.

Имено, таа за почеток била незадоволна од седиштето кое го добила, а откако забележала дека во нејзина близина има и деца, Трамп почнала да вика дека сака да си оди дома.

Наводно, Ивана почнала и да упатува пцовки кон едно дете, па наскоро желбата за излегување од авионот ѝ се исполнила.

“Зошто мојата пријателка не може да лета со мене?”

Пејачката Кортни Лав е уапсена во 2003 година на лондонскиот аердром Хитроу поради своето агресивно однесување. Лав почнала да вика и да го навредува екипажот кој не дозволил нејзината пријателка да седи до неа во првата класа, бидејќи таа немала карта за прва класа. Пејачката се смирила дури откако била уапсена.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk