Се ближи крајот на PlayStation 4, Sony развива нова генерација на конзоли

Супермен

28/05/2018

10:26

2.079

Големина на фонт

а а а

Директорот на одделението на Sony за PlayStation изјавил дека се ближи крајот на животниот циклус за PS4, што значи дека оваа компанија полека ќе се насочува кон развој на нова генерација на конзоли.

Во последните неколку месеци, на интернет кружат гласини за новата генерација на PlayStation. Од компанијата секако не сакале да ги коментираат овие информации, но факт е дека PlayStation 4 веќе со години е на пазарот и компанијата не само што размислува за неговиот наследник туку и сигурно започнала со развој на PS5. 


Фактот дека во компанијата посветуваат сè поголемо внимание на новата генерација на најпопуларната конзола на светот, потврдил и директорот на одделот за PlayStation, Џон Кодер, кој во текот на еден состанок изјавил дека му се ближи крајот на PlayStation 4.


Секако, тоа не значи дека Sony наскоро ќе престане со продажбата на PS4, но јасно е дека е време за нова генерација со уште помоќен хардвер, подобра графика и некои нови можности.

Кога станува збор за PlayStation 5, оваа конзола не треба да се очекува оваа година, туку некаде во втората половина на 2019 или можеби и во текот на 2020 година.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk