Рамбо vs Терминатор: Кој има подобар возен парк?

Супермен

28/05/2018

15:34

6.197

Големина на фонт

а а а

Двата најпознати акциони јунаци од крајот на минатиот милениум ја делат истата страст кон скапоцените автомобили, а вредноста на нивните возни паркови се мери во милиони.

Холивудските актери Силвестер Сталоне и Арнолд Шварценегер зад себе имаат импресивна збирка на блокбастери, а уште поимпресивно е нивното богатство. И двајцата се во одлична форма и во седмата деценија од животот, а енергичноста ја одржуваат посветувајќи се на нивното заедничко хоби – собирање автомобили. 


Поранешниот Терминатор го задржал својот имиџ и во поглед на автомобилите, па така во неговата збирка има место за неколку Hummer возила, Unimog на Mercedes, како и военото возило Oshkosh M-ATV. Од рафинираните спортски “ѕверки”, Шварценегер го поседува престижниот Bugatti Veyron, како и секогаш посебниот Bentley. Roadster-от на Mercedes со потпис на AMG е уште еден бисер во колекцијата, како и Porsche 911.


Сталоне во својот избор е многу порафиниран. Така, од групата “вистински автомобили за мажи” ги има возилата од G класа, а од спортските суперавтомобили поседува Ferrari и Aston Martin. И да, и Рамбо во својата гаража има еден Bugatti Veyron.

Секако, нивните збирки се менуваат на месечно ниво, па затоа е навистина тешко да се утврди со што моментално располагаат актерите.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk