Оваа европска земја е помеѓу рекордерите во производство на нафта, а не ја користи – зошто?

Супермен

01/06/2018

13:27

5.411

Големина на фонт

а а а

Поради сè поголемиот број на електрични возила на улиците на Норвешка, оваа европска земја бележи значаен пад на побарувачката на нафтени деривати, а експертите веруваат дека станува збор за тренд кој во блиска иднина би можел да се прошири ширум светот.

Продажбата на нафтени деривати во Норвешка опаднала за дури 2,2 отсто, при што продажбата на бензин опаднала за 2,9 отсто, a дизелот за 2,7 отсто. Иако Норвешка е една од најголемите светски извозници на нафта, владата веќе четири години активно работи на намалување на домашната потрошувачка на нафтени деривати. 


Успешни стимулации

Државните мерки во комбинација со освестеноста на норвешките потрошувачи ја зголемиле побарувачката на електричните автомобили – кон почетокот на оваа година, повеќе од 50 отсто од новите возила биле електрични или хибридни.

Норвешката влада зацртала цел сите лични возила кои се продаваат во оваа држава да се електрични до 2025 година, а мерките кои се покренати во 2013 година пружиле и други погодности на сопствениците на електричните возила – освен што се ослободени од плаќања на сите еднократни даноци, тие се ослободени и од годишните надоместоци за одржување на патиштата, плаќања за јавен паркинг, патарини и траекти, а имаат и право на возење по жолтата лента за јавен превоз.


Најчиста електрична енергија

Норвешката флота на електрични возила е уверливо е и најчистата на светот, со оглед на тоа што Норвешка ја добива својата електрична енергија од хидроелектрани. Кон крајот на 2017 година, во Норвешка биле регистрирани повеќе од 200 илјади електрични возила – светски рекорд во бројот на електрични возила по глава на жител (21,5 електрични возила на 1000 жители).

Најпродаваните два модели на автомобили во Норвешка во март биле Nissan Leaf и Tesla Model S, а порастот на нивниот пазарен удел е добар индикатор на насоката која може да се очекува и во остатокот од светот – продажбата на Leaf пораснала за дури 61,4 отсто од март минатата година, а продажбата на Tesla за 40,6 отсто.


Проблеми со електродистрибуциските мрежи

Иако Норвешка е светски предводник, нејзините бројки покажуваат дека трендот би можел да се прошири со што би дошло до глобален пад на побарувачката за нафта во следните неколку години. Но, Норвешка открила и еден проблем поврзан со електричните автомобили – зголемено оптоварување на електродистрибуциските мрежи.

Инсталирањето на полначите на Tesla во оддалечените краеви од државата знаат значително да ја оптоварат локалната мрежа, а со големите варијации во волтажата може да дојде и до трепкање на светлата во домаќинствата.

Но, државната компанија Statnet тврди дека постоечката мрежа би требала да издржи и премин на сите граѓани на Норвешка на електрични автомобили со само 6-отстотно зголемување на потрошувачката.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk