Возила со моќност над 10 илјади коњски сили ќе гостуваат во Скопје

Супермен

06/06/2018

11:21

5.588

Големина на фонт

а а а

Премиум Рели Софија – Свети Влас е настан кој на уникатен начин спојува запознавање на интересни дестинации, неверојатните журки и моќни и атрактивни автомобили.

За прв пат релито за ексклузивни автомобили ќе ја посети Македонија на иницијатива и покана од Park Hotel & SPA Skopje. Хотелот е познат по уникатниот ентериер, одличната понуда и професионализмот и заслужено е една од најпосетените локации во главниот град. 


Во центарот на Скопје – плоштад Македонија, на 07.06 (четврток) од 13:00 часот љубителите на спортските автомобили ќе можат да уживаат во повеќе од 40 лимитирани серии на возила меѓу кои: Lamborghini Aventador Spyder – со преку 700 к.с., во исклучително убаво „пакување“, AUDI R8 PLUS – 10-цилиндарски мотор, суштински врв на германското инжењерство, Ferrari 488 – Носител на награда „Супервозило на годината“ од Top Gear, Aston Martin DB11 – за кој ви гарантираме дека тоа што е избран за возило на Џејмс Бонд не е случајно, AMG GT R – специјално создадено чудовиште за на стаза од Mercedes-Benz, Mercedes-Benz C63 S Coupe оптимизиран од Manhart со преку 700к.с., Nissan GT-R Black Edition – модел чиј претходник повеќе години беше првото што луѓето го замислуваа кога ќе слушнат „супер возило“ – Nissan Skyline, Porsche 991 Turbo S, Polaris Slingshot и многу други.


Кулминацијата ќе биде организираното шоу на плоштадот Македонија каде на сите присутни за време на настанот ќе им биде овозможено да ги видат одблизу и да се сликаат со егзотичните возила. Ќе им биде огромна чест и задоволство на организаторите доколку сите љубители на адреналинот, големите брзини и убавите возила дојдат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk