Шампањ во чест на Федерер

Супермен

14/06/2018

13:27

2.072

Големина на фонт

а а а

Федерер изминатите неколку години ги мина во сенка на Новак Џоковиќ, кој едноставно доминираше на секој тениски терен и до скоро, без мака го победуваше секој противник кој стоеше зад другата страна на мрежата. Сепак, ситуацијата сега е сосем поинаква, така што Федерер кој одбележува дваесет години од почетокот на својата кариера, има повод за славење.

Токму од таа причина, познатата куќа на францускиот шампањ реши да оддаде почит на неговата долгогодишна кариера, претставувајќи ексклузивно ограничено издание на магнум шампањ, посветено на оваа спортска икона.


Наречен Moet & Chandon “Greatness Since 1998”, ова издание содржи само дваесет ексклузивни магнуми со кои се одбележува догогодишниот успех на тенисерот. Извонредно црно обоенато шише е замотано со преубава црна кожа, што и воедно е рачно изработена од француски уметници. Идејата е таа да асоцира на рачката од рекетот на познатиот тенисер.  

Секое магнум шише од овој величенствен шампањ го носи потписот на Федерер на својата декларација. На вратот на шишето може да се види и порака од Федерер која гласи „Соновите се остваруваат“, испринтана во златна боја. Со тие зборови, Федерер го изрази своето задоволство и среќа, кога во февруари оваа година повторно стана прв рекет во светот по неколкугодишното водство од страна на Џоковиќ на оваа позиција. 

Секое шише од овој шампањ чини 19.998 € и ќе биде достапно само по нарачка и тоа само во Европа. Она што е уште подобро е дека брендот Moet & Chandon ќе ја донираат заработката од продажбата на овие изданијаво фондацијата на Рожер Федерер, која има за цел подобрување на квалитетот на животот на загрозената младина од Јужна Африка и Швајцарија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk