Мексиканска компанија креирала женски вибрирачки гаќички за Светското фудбалско првенство

Супермен

19/06/2018

13:04

4.761

Големина на фонт

а а а

Сигурни сме дека вашата поубава половина не е воодушевена од вашиот фанатизам за фудбалот и желбата да го следите секој детаљ од Светското првенство.

Ова е нормално бидејќи жените не се големи фанови на овој спорт, а иако е нормално да навиваат за својата репрезентација, жените во 90 отсто од случаите не ги интересираат други натпревари и останати репрезентации, а тоа може да претставува проблем особено кај паровите кои живеат заедно и делат станбен простор. 


Меѓутоа, мексиканската компанија "Vicky Form" креирала генијално решение за овој проблем - таа создала специјални вибрирачки гаќички за жените, кои се поврзуваат со посебна апликација и кои реагираат на ситуациите кои се случуваат на теренот. 

Едноставно изберете го тимот за кој навивате и гаќичките по пат на вибрации ќе ги пренесуваат ситуациите од теренот. Имено, доколку се случува добро додавање, добар шут или гол, гаќичките ќе реагираат и ќе вибрираат се посилно и со тоа ќе ѝ создаваат пријатно уживање на женската личност која ги носи.

Целта на овие гаќички е во период од 90 минути да ја доведат жената до оргазам, така што поубавата половина која гледа фудбал ќе биде воодушевена и веројатно ќе навива заедно со вас.  


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk