Холандија: Кој оди со велосипед на работа, ќе добие пари за секој километар

Супермен

20/06/2018

10:18

2.661

Големина на фонт

а а а

Холандската влада ги охрабрува жителите да користат велосипед наместо автомобил - таа ќе им исплаќа надомест на оние кои патуваат до работа на две тркала.

Министерството за инфраструктура и управување со водени ресурси ќе обезбеди финансиска поддршка за оние кои користат велосипед, прецизираат холандските медиуми. 

"Да излеземе од автомобилот и да седнеме на нашите велосипеди. Целта е да придобиеме уште 200 илјади луѓе кои со велосипеди би оствариле три милијарди километри повеќе", наведуваат од министерството.


Со тоа, секој граѓанин кој би патувал со велосипед до работното место би добил надомест од 19 центи по километар. Холанѓаните планираат да воведат и субвенции за купување на велосипеди во соработка со компаниите, а предвидени се и дополнителни 100 милиони евра за зголемување на бројот на велосипедските патеки и паркиралишта.

Во Холандија моментално има 22 милиони велосипеди.

Со оглед на тоа што повеќе од половина жители живеат на 15 километри од своите работни места, властите се уверени дека тој пат полесно би се поминувал со велосипед отколку со автомобил.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk