Модни правила кои слободно можете да ги прекршите

Супермен

20/06/2018

12:24

1.951

Големина на фонт

а а а

Постојат мноштво модни правила до кои мора да се придржувате доколку сакате да изгледате одлично, но ние ви претставуваме неколку правила кои слободно можете да ги прекршите.

Модните експерти велат дека морате да обрнете внимание на парчињата и боите кои ги комбинирате, но исто така постојат и некои правила кои се потполно бесмислени и кои треба да ги прекршите со цел да изгледате подобро. 

Не комбинирајте темносина и црна боја

Ова веројатно е најпознатото модно правило за кое сте слушнале. Но, вистината е дека овие две бои одлично си одговараат една со друга, а доказ за тоа се бројните модни комбинации на Инстаграм и другите социјални мрежи. Слободно носете го вашето темносино сако со црни панталони и не плашете се дека ќе изгледате непривлечно.


Вратоврската одговара само со сако

Ни ова правило не мора да се почитува бидејќи вратоврската може да се носи со кардиган, тексас јакна па дури и кожна јакна.


Не комбинирајте тренерки со кошули и други елегантни парчиња

Многумина сметаат дека спортските парчиња не треба да се комбинираат со елегантна облека, но во последно време уличната мода полека го заборава ова правило - комбинирајте ја вашата омилена тренерка со елегантна јакна или кошула и со тоа ќе создадете единствен и интересен стил кој ќе ве издвојува од останатите. 


Никогаш не носете чизми со одело

Се сложуваме дека чевлите се најдобриот избор кога станува збор за оделата, но доколку сте љубител на чизми и во нив се чувствувате поудобно и попријатно, слободно можете да ги искомбинирате. Ваквот стил некогаш имале џентлмените кои јавале коњи бидејќи јавањето во елегантни чевли било невозможно.


Не комбинирајте различни дезени

Доколку носите маичка со риги, тоа не значи дека вашите панталони не смеат да имаат друг дезен. Со мешањето на различни шари, вие ќе создадете привлечен стил кој ќе им се допаднe на многумина, но внимавајте на боите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk