Скриено богатство: Автомобил Порше собираше прашина со децении

Супермен

20/06/2018

19:59

4.110

Големина на фонт

а а а

Најновото откритие од "амбарот" е класичниот Porsche 356B Super 90 Coupe од 1962 година. После сите овие години човек би помислил дека се веќе пронајдени сите заборавени автомобилски бисери од приватните гаражи ширум светот, но и понатаму пристигнуваат вести за откриени запоставени олдтајмери.

Класичниот Porsche 356B Super 90 Coupe од 1962 е пронајден во САД, кој првенствено му припаѓал на свештено лице, кој заедно со својот автомобил се преселиле во САД од Германија. 


Порше е продаден  во Америка на купувач кој го држел нереставриран во својата гаража со децении. Сега дојде време да добие нов сопственик кој ќе му го врати сјајот.

Како што се наведува во огласот на компанијата Gullwing Motor Cars, автомобилот поминал 71.000 километри, кој иако е запоставен и понатаму е во оригиналната состојба што се однесува на деловите и опремата. Фабрички бил исфарбан во боја, додека ентериерот е темно црвен.


Се напојува со 1,6 литарски четирицилиндричен мотор со 89 КС, а според податоците од фабриката, овој автомобил со тежина помал од еден тон има брзина од 0 до 60 милји на час за 10 секунди.


Автомобил како што е овој многу тешко може да се најде во оригинална состојба, па без оглед на неговата запоставеност, 356B Super 90 Coupe претставува идеален проект за некој кој се занимава со реставрирање на класични возила.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk