Каков татко, таков син: Погледнете како игра синот на Кристијано Роналдо

Супермен

21/06/2018

10:37

4.250

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо е моментално зафатен со учеството на Светското првенство во Русија и е една од најголемите ѕвезди на овој натпревар.

Меѓутоа, иако тој е играч за кој сите зборуваат и пишуваат, и неговиот син добива големо медиумско внимание. Кристијано Роналдо Џуниор тргнал по стапките на својот татко, а судејќи според досегашните видеа, тој најверојатно ќе стане одличен играч кога ќе порасне.  


Иако се уште е мал, Џуниор знае неверојатно да ја контролира топката, има силен шут и поседува брзина, што значи дека ја има генетиката на својот татко кој за десетина години гордо ќе го замени на фудбалските терени.

Роналдо често споделува видео клипови од својот син со своите обожаватели кои покажуваат колку Кристијано Роналдо Џуниор е "опасен" и колку ќе биде добар фудбалер кога ќе порасне.

Погледнете го видеото и уверете се во вештините на младиот Џуниор:


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk