Таа е девојка која секој би ја посакал, на момчето му го пренесуваше фудбалскиот натпревар со пораки додека да стигне дома, стана хит на Твитер

Супермен

22/06/2018

16:26

3.559

Големина на фонт

а а а

Светското првенство во фудбал кое оваа година се одржува во Русија, секој ден сè повеќе привлекува поголемо внимание. Покрај мажите, натпреварите сè повеќе ги следат и припадничките на понежниот пол, а една таква приказна пред некој ден ги насмеа корисниците на социјалните мрежи.

Повеќе од 13.000 лајкови доби една Твитер фотографија со пораки на девојка која всушност му го пренесуваше натпреварот Англија-Тунис на своето момче. 

Таа истакнала дека момчето ја замолил да му праќа пораки за најновите случувања од натпреварот Англија-Тунис, додека не пристигне дома. Тоа што многумина ги насмеа е нејзиниот пренос на натпреварот кој изгледаше вака:

"За Тунис и жолт картон за англискиот играч. Играчот со жолт картон изгледа како овца. 34 минути сме во игра и на сите косата им изгледа прилично добро. Тунис даде гол. Слободен удар за Англија. Сега англичанецот го удри молња и падна насилно долу. Голема шанса за Англија пропадна. Фудбалер од Тунис е на земја. Изгледа го погодиле во косата. Судијата не е заинтересиран. Човекот со повредена коса не е задоволен.




Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk