Работела како чуварка во затвор, но не ѝ се допаѓало па станала порно ѕвезда

Точка

01/07/2018

15:05

26.374

Големина на фонт

а а а

Изабела Делторе работела како чуварка во затвор, но иако била задоволна со својата работа, сепак се чувствувала дека тоа не ја прави среќна.

Во затворот имало премногу насилство, политика, а најмногу ѝ пречел начинот на кој ја гледале затворениците. Поради тоа одлучила дека ѝ е доста и дека ќе стави крај на таа кариера. 

"Постојано ме гледаа како да сум некој сексуален објект, па заклучив: "Еј, зошто да не заработам и од тоа нешто?", вели Изабела за News.com.au.


Таа подоцна започнала да се занимава со стриптиз и веднаш се заљубила во таа работа. Сфатила дека во една ноќ може да заработи многу пари, додека во претходната работа би ги заработила за две недели. Па така одлучила дека не се враќа на затворот, а откако го напушти, убавата Австралијанка се појави на неколку насловни страници на магазини за возрасни, направи и свој календар со голи фотографии и основала веб страница со содржина за возрасни.


Таа е два пати прогласена за Miss Nude.


"Среќна сум и имам поголема самодоверба", тврди таа и додава дека претходната работа ѝ била од корист и за новата работа. Вели дека знае многу лесно да се справи со напорните клиенти. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг