Lamborghini произведува мобилен телефон во соработка со компанијата Oppo, цената е вртоглави 1.699 евра

Супермен

02/07/2018

17:11

1.859

Големина на фонт

а а а

Кинескиот произведувач на мобилни телефони, Oppo го претстави своето ново ремек дело пред неколку дена, наречено Find X. Овој телефон има практично бесконечен екран и pop up селфи камера.

Компанијата од Кина сега го најави новото партнерство со брендот Lamborghini, со цел заедно да креираат специјално издание на Find X моделот, кој на задната страна ќе го има логото на брендот. 


Како што велат од Oppo компанијата, уредот на специјалното издание го обележува почетокот на соработката на двата бренда. Oppo Find X Lamorghini има карбонска текстура на задната страна и Super VOOC полнење, кое му помогнува батеријата од 3.400 mAh да се наполни од 0 до 100 % за 35 минути.


Кога станува збор за карактеристиките, за жал не знаеме дали ова специјално издание ќе има промени во однос на регуларниот Find X модел. Lamborghini изданието е проследено со меморија од 512 GB, што е двојно повеќе од регуларниот модел.


Цената на ова уникатно издание ќе биде 1.699 евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk