Долната облека стана дел од луксузниот асортиман на современите жени. Особено "виновни" за популарноста за долната облека се познатите модни куќи кои дизајнираат секаков вид на долна облека од чипка, сатен, па создале мит дека луксузната долна облека е составен дел од секојдневието на една жена, што за многу брендови кои креираат долна облека за мажи на може да се каже истото.
Во суштина, модните детали за мажите се всушност сконцентрирани на часовниците, очила за сонце, манжетки...додека долната облека наменета за мажи е главно препуштена на произведувачите кои се специјалисти на полето за материјал пред гламурот.
Но, очигледно тој тренд се менува или има тенденција да се промени, особено кога дизајнерот Том Форд во февруари оваа година прикажа линија за долна облека која се состои од металик и животински принтови.
Линијата за долна облека со потпис од Том Форд ќе биде достапна за купвање овој месец, а цените ќе достигнат до 300 долари.
Некои можеби ќе кажат дека долната облека не може да биде толку луксузна, но обожавателите на Том Форд сигурно нема да се согласат со тоа. До тогаш мажите ќе можат да уживаат во лимитираниот избор на долна облека која им ја нудат модните куќи Емпорио Армани, Дизел, Хуго Бос.