Новите Air Max 1 "Desert Camo" наскоро на пазарот

Супермен

03/07/2018

13:58

1.728

Големина на фонт

а а а

Брендот Nike припреми уште едни нови патики за ова лето. Станува збор за новите Air Max 1 кои доаѓаат во потполно воена камуфлажа и кои навистина изгледаат одлично.

Овие патики ќе се најдат на американскиот и европскиот пазар на 5-ти јули, а се надеваме дека набрзо ќе ги видиме и во продавниците на нашите простори. 


За разлика од другите работи кои исто така поседуваат ваков воен дезен, Nike се концентрирал на светлите кафеави бои кои прават овие патики да изгледаат поинаку и да се разликуваат од останатите "камуфлирани" работи. Црните акценти и белиот ѓон создаваат одличен контраст и прават патиките да изгледаат уште поубаво и попривлечно.


Материјалот е исто така унапреден и е направен со цел потешко да се валка и флека, што значи дека овие патики можете да ги носите на сите терени, без страв дека ќе ги упропастите. Нечистотиите и флеките се чистат со помош на влажна крпа и четка, така што овој модел сигурно долго ќе ви трае.

Нивната цена изнесува 130 долари, што значи дека се малку поскапи но сметаме дека за вистинските љубители на Air Max ова е прифатлива цена.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk