Драма на бензинска пумпа: Изгоре Ламборгини во вредност од 300.000 долари

Точка

11/07/2018

11:21

4.990

Големина на фонт

а а а

Иако во изминатата година имаше повеќе случаеви со самозапалување на Ламборџини, овој пат некој друг е виновен.

Ламборгинито на Хуракан Перформанте, се запалило на бензинска пумпа во САД, додека неговиот сопственик го плаќал горивото.

Минувачите што приметиле дека одеднаш избил пожар во возилото, можело да им изгледа дека дошло до самозапалување - што не би било необично за Ламборгини, бидејќи такви случаеви се веќе забележани низ светот. Меѓутоа, видеото што го направил еден обожавател на спортски автомобили, ја открива вистината.

Имено, сопственикот на комбето што ставал гориво покрај паркираниот автомобил на Хуракан, заборавил да го извади цревото од резервоарот на своето возило кога си заминувал од бензинката пумпа. Цревото се извадило од апаратот и го испрскало со бензин задниот дел на Ламборџинито, каде што се наоѓа моторот што веќе бил загреан од возење, после што избувнал пожарот.

Пожарникарите што набрзо стигнале, го изгаснале пожарот и спречиле поголема трагедија, но за синото Ламборгини било предоцна, бидејќи автомобилот потполно изгорел. Во пожарот, за среќа никој не е повреден.

Инаку, двете Ламборгинија што се сретнале на пупмата во текот на инцидентот, учествувале во трката „Goldrush“.

Оваа трка низ Америка, започнала во Босна на 22-ри јуни, а целта била во Лас Вегас, минатиот викенд.

Моделот на Хуракан Перформанте, дебитирал на саемот за автомобили во Женева, 2017-та година. Автомобилот има 5,2 литарски V10 мотор, со 631 кс и 600 нм. Од состојба на мирување, до 100 км/ч потребни му се 2,9 секунди.

Почетната цена на овој модел во САД е 274.390 долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг