Наскоро и на пазарот: Се појавија фотографии од новиот паметен телефон - Nokia 5.1 Plus

Супермен

11/07/2018

15:18

1.755

Големина на фонт

а а а

Компанијата "HMD Global" која ги произведува телефоните Nokia, наскоро ќе го претстави Nokia 5.1 Plus, напредна верзија од паметниот телефон кој беше претставен во февруари во текот на "Mobile World Congress".

На прв поглед се гледа една значајна разлика, а тоа е дека новиот паметен телефон ќе поседува "notch" на горниот дел од екранот - додаток кој беше популаризиран со излегувањето на десеттата генерација на iPhone, а оттогаш повеќето телефони на пазарот ја поседуваат оваа карактеристика. 


Наводно, станува збор за 5,9-инчен HD+ екран со резолуција од 1520 х 720 пиксели, а логото на Nokia е преместено од горниот на долниот раб. Паметниот телефон и понатаму содржи копче за регулирање на јачината на звукот, копче за вклучување и исклучување на уредот како и влез за слушалки. Сепак, за разлика од Nokia 5.1, моделот Nokia 5.1 Plus наместо Micro USB влез има USB Type-C влез.

На задната страна и понатаму се наоѓа сензор за отпечатоци на прсти, но тука сега се наоѓаат две камери. Уредот ќе биде достапен во најмалку две бои - сребрена и сива.


Се шпекулира дека новиот паметен телефон ќе има камери од 13 и 5 мегапиксели, 3, 4 или 6 GB RAM и 32 или 64 GB внатрешна меморија. Наводно, Nokia 5.1 Plus ќе го напојува батерија од 3000 mAh, а ќе користи осумјадрен MediaTek процесор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk