Компанијата Hublot е основана во 1980 година, кога воедно станала и првиот швајцарски бренд во историјата кој произвел луксузен златен часовник, сместен на природно гумено ременче.
Дваесет и пет години подоцна, под водство на генералниот директор Жан-Клод Бивер, Hublot повторно го "разбранува" пазарот со претставување на часовникот "Big Bang" - спортска линија на механички хронографи, кои се креирани со мешавина на високотехнолошки материјали.
Сите парчиња рефлектирале интригантна филозофија, позната како "фузија, односно мешање на традиционалната хронологичка уметност и стил во креирање на модерните часовници на 21-виот век".
Ова лето, швајцарскиот бренд ја одведе оваа филозофија во иновативен правец, со претставувањето на моделот "Classic Fusion Aerofusion Chronograph Eden Roc" - лимитирано издание од 50 парчиња, во партнерство со хотелите "Cap d'Antibes" кои пружаат сместување на светската елита и познатите личности.
"Ние во компанијата Hublot сакаме да креираме фузија помеѓу различните светови со цел да развиеме сингуларни производи", изјавил директорот на овој бренд, Рикардо Гвадалупе.
Куќиштето на овој модел е сместено на полирана црна, керамичка база со големина од 43 милиметри. "Classic Fusion Aerofusion Chronograph Eden Roc" поседува сказалки и четири додатни бројчаници во сини нијанси, инспирирани од Медитеранското море.
Сите часовници од оваа линија доаѓаат со широк избор на ременче.