Тој се смета себе за "супер донатор на сперма", има околу 150 деца и жените веднаш забременуваат од него

Супермен

12/07/2018

13:01

2.753

Големина на фонт

а а а

Маж од Вашингтон кој го искористи Интернетот и стана, според неговите зборови, "супер донатор на сперма", призна дека не знае колку вкупно деца има. Тој е познат и по псевдонимот Џо Донор кој има 47 години и повеќе од 10 години им помогнува на жените ширум САД, Европа, Аргентина да останат бремени.

Последните години им помогнува на хомосексуалните парови, слободни жени и трансродови лица да добијат деца, а не е сигурен ниту колку деца вкупно има. 

"Мислам дека имам околу 150 деца ширум светот", вели Џо, пренесува Метро.


Џо барал од жените да му праќаат фотографии додека се бремени, како и фотографии од ултразвуците.

"Веројатно има и случаеви за кои не знам. Годишно имав околу 15 бремености, а за нив знаев само доколку жените или паровите ме известуваа. За време на кариерата помогнав да се родат повеќе од 100 деца и за тоа сигурно постојат потврди, но не верувам дека ги има повеќе од 150", вели тој.


"Многу сум успешен, бидејќи имам квалитетна сперма. Многу жени останаа бремени само после една средба со мене, а во еден ден имам оплодено повеќе жени", раскажува тој.

Џо рекол дека сака да им помага на жените да останат бремени, иако многумина не го поддржуваат неговото размислување.




Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk