Ова бил последниот оброк на Ледениот човек и имал ужасен вкус

Точка

14/07/2018

17:47

13.431

Големина на фонт

а а а

Последниот оброк на ледениот човек Оци бил еленско месо и масти од козорог кои имале ужасен вкус, покажува новата, досега најдетална анализа на содржината од неговиот желудник.

Двајца планинари во 1991 година пронашле мумифицирано тело на маж на Алпите, за кој се смета дека починал пред отприлика 5300 години. Научниците во изминатите 27 години детално ја анализирале неговата облека, забите и телото, а најновата ДНК анализа открила што се' се наоѓало во неговиот желудник кога тој бил пронајден. 

Покрај животинското месо, научниците во неговиот желудник пронашле и пченица, но и токсични траги. Сето тоа дава една нова слика за последните денови од животот на овој ловец од бакарното доба.

Френк Маикснер од Институтот за мумии во Болзано изјавил дека првиот поглед низ микроскопот покажал дека Ледениот човек бил сештојад бидејќи во примероците се пронајдени и билни влакна помешани со месо. Анализата покажала дека станува збор за мускулно и масно ткиво од козорог.

"Се чини дека Оци бил свесен дека маснотиите се одличен извор на енергија. Високото алпско подрајче во кое живеел и каде е пронајден претставува голем предизвик за човекот и бара оптимална исхрана со цел да се избегне губењето на енергијата", истакнал Маикснер во истражувањето кое е објавено на порталот "Eurac.edu".

Сепак, како што додал тој, вкусот на месото бил одвратен.

Преку анализата на неговиот желудник, научниците откриле и еленско месо, но не можеле да потврдат кој дел точно од животното тој го консумирал. Заклучиле дека месото најверојатно било сушено или чадено.



Спонзорирани линкови

Маркетинг