Далиќ по поразот на Хрватска: Еден момент нè пресече…

Дерби

15/07/2018

20:39

14.281

Големина на фонт

а а а

Златко Далиќ ја предводеше Хрватска до најголемиот успех во историјата на оваа фудбалска репрезентација, а фановите долго ќе го паметат како предводник на селекција која изнуди многу комплименти на ова СП во Русија.

По болниот пораз во Москва, Далиќ во првата изјава потенцираше дека е горд на постигнатото, но останува тагата поради пропуштената шанса.

– Тажни сме и горди, ова е најголем успех за хрватската репрезентација, но останува чувството дека пропуштивме голема шанса. Французите не ме изненадија со играта, се бранеа и играа на контри.

– Клучен момент веројатно беше пеналот, тоа не пресече, – истакнал Далиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг