Овие намирници ја подобруваат плодноста кај мажите

Супермен

16/07/2018

19:22

5.570

Големина на фонт

а а а

Исхрана за квалитетна сперма: од шипка - до лук, ви ги откриваме намирниците што ја штитат машката плодност.

Во просек, еден од шест парови има проблем со забременување. Во 20% од случаевите, проблемот е во лошиот квалитет на спермата, а таа често е поврзана со недостаток на цинк и витамини. Затоа, би било добро да се храните со намирници кои содржат цинк и витамини.

Семки од тиква

Семките од тиква се добар извор на бакар, омега-3 масни киселини, цинк и Витамин К, а како важна компонента, тие поседуваат анти-воспалителни својства кои штитат од рак, артритис и остеопороза. Омега-3 масните киселини го зголемуваат протокот на крвта во половите органи.

5 видови тикви - колку сте запознаени со нив и со нивната примена?

Шипка

Сокот од шипка ја подобрува ерекцијата и со тоа го зголемува квалитетот на спермата. Резултатите од истражувањето покажале дека мажите и жените што секојдневно внесуваат една чаша сок од шипка имаат зголемено ниво на хормонот тестостерон, што ја зголемува сексуалната желба. Во резултатите од истражувањето на научниците од Универзитетите од Единбург (учествувале 58 волонтери на возраст од 21 до 64 години) наведено е дека љубителите на црвениот пијалок имаат од 16-30% поголемо ниво на тестостерон за разлика од луѓето што никогаш не конзумирале сок од шипки.

Остриги

Цинкот се препорачува за лекување на машката неплодност бидејќи е важен во произведувањето на спермата. Остригите се сметаат за многу богати со цинк, и велат дека се афродизијак за подобра потенција.

Лук

Лукот делува како природен афродизијак и го зголемува произведувањето на спермата. Тој содржи соединение наречено алицин, што ја зајакнува издржливоста на спермата и ја подобрува циркулацијата во крвта. Минералниот селен што е присутен во лукот, придонесува мобилност на спермата.

Зелен чај

Студиите покажуваат дека антиоксидансите во зелениот чај имаат добар потенцијал за подобрување на плодноста, од причина што неутрализираат слободни радикали, што можат да ја оштетат спермата.

Судејќи по истражувањето од 2012-та година, објавено во магазинот на научниците „Molecular Nutrition and Food Research“, мали дози од соединението наречено епигалокатехински галати (EGCG) што го содржи зелениот чај, може да го подобри квалитетот на спермата, вклучувајќи ја и мобилноста на спермата што резултира со подобрување на потенцијалот за оплодување. Сепак, преголема доза на EGCG, може да има спротивен ефект. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk