Од идната година Ајфоните пристигнуваат со нови екрани...

Точка

17/07/2018

16:42

2.399

Големина на фонт

а а а

Моделите на Ајфон од 2019-та година ќе пристигнат со екрани произведени во погоните на јужнокорејски LG, а не Samsung како што беше досегашната пракса.

Производителот на екрани, односно LG Display одделот при јужнокорејската компанија, според потпишаниот договор, во текот на втората половина на оваа година ќе започне со испорака на OLED и LED екрани на компанијата Apple, открива “Digitimes” повикувајќи се на извори од Јужна Кореја.

До крајот на оваа година, според договорот, LG Display би требало да испорача околу три до четири милиони OLED и 20 милиони LCD панели за идните модели на Ајфон.


Јужнокорејската компанија во текот на 2019-та година би требало да го покрие најголемиот дел од нарачките за OLED панелите за 6,5-инчниот Ајфон на Apple, поради што се очекува LG Display идната година да ја подигне испораката на OLED панелите на 10 милиони парчиња.

Договорот, односно испораката на екраните на Apple би требало да ја поправат финансиската ситуација на LG Display – компанија, која што во првиот квартал од 2018-та година забележа загуба од 87,04 милиони долари, додека за вториот квартал се проценува загубата да биде уште поголема.


Со оваа одлука, Apple од друга страна ќе му зададе голем удар на Samsung – најголемиот ривал од каде што и покрај ривалството, американската компанија ги набавуваше екраните за своите паметни телефони.



Спонзорирани линкови

Маркетинг