Многу мажи таа грешка ја прават секое утро после бричење. Последиците можат да бидат страшни.
Понекогаш едноставно е време за бричење. Причини има многу, некои дури се од хуманитарен карактер, но нема сега да зборуваме за тоа. Работни, верски, лични причини...
Важно е да знаете кој е првиот чекор што треба да го направите за да ја заштитите вашата кожа максимално, после бричењето на повеќегодишната брада.
Пуштете ја брадата
Да, тоа е првиот чекор, пуштете ја нека расте. Бричењето гледајте го како еден краток процес во целиот „живот“ на брадата. Како и досега, пуштете ја и понатака нека расте. И не ја повторувајте истата грешка.
Еве што вели Тимон, човекот со долга брада.
Дали ти беше тешко да ја избричиш таа преубава брада?
Да, ми беше. Морав да се спротиставам на целата заедница во која се луѓе со бради, да им завртам грб и да го направам тоа. Се чувствував посрамотено. Виновно. Грешно.
Колку време ти требаше да одлучиш да ја пуштиш повторно?
Неколку денови.
Зошто повторно се одлучи да пуштиш брада?
Бидејќи ми беа потребни вистински пријатели и перница за да се одморам