Исповед на маж кој се забавува со помлади девојки: "Тие не се со мене поради моите пари"

Точка

17/07/2018

20:49

11.961

Големина на фонт

а а а

Мажите кои се постари имаат многу млади девојки и разликата во годините не ги спречува да уживаат заедно, без разлика на тоа колку општеството ги осудува тие врски.

Бизнисменот Макс има 51 година, сопственик е на ланец хотели и терени за голф и веќе неколку години ужива во друштво на помлади девојки. Тој одлучи да бара друштво на социјалните мрежи откако забележал како функционираат односите. Потоа тој се придружи на веб страна која поврзува успешни мажи со убави млади девојки. 

"Запознав многу убави и паметни жени кои имаат многу потенцијал да изградат успешна кариера. Имав две долги врски, а моментално сум само во една. Моето семејство знае дека сакам млади девојки, но не на начинот на кој ги запознавам", вели Макс.


Иако многумина велат дека во ваквите врски е само поради секс, Макс тоа го негира и вели дека му е важно пријателството и менторството. Тој сака девојките да му прават друштво на патувањата и покрај него да стекнуваат нови искуства и да посетат нови места. Тој девојките ги понесува на разни настани и шопинг. Иако има секс со девојките, вели дека тој никогаш не го бара тоа од нив.

"Имав неколку девојки со кои имав потенцијал за нешто повеќе од дружење, но секогаш препуштав тие да одлучат како сакаат да продолжи нашиот однос. Сакам да се чувствуваат пријатно кога се со мене и ако тоа подразбира да не бидеме интимни, јас ќе го почитувам тоа", вели тој.


Тој откри уште една заблуда поврзана за ваквите врски. Иако повеќе од овие девојки бараат постари мажи поради пари, можноста да се вплеткаат со некој кој е успешен и богат е другата причина зошто девојките покажуваат заинтересираност за дружење со постари мажи.


"Моето најдобро искуство беше со девојката која стана директор на познатиот Швајцарски бренд за спортска облека. Ја запознав кога беше студентка и со помош на моите врски ѝ обезбедив пракса во мојата компанија во која подоцна доби постојана работа. Среќен сум што успеа во оваа работа", истакна Макс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг