Ова се трите клучни вежби со кои вашите радни мускули ќе изгледаат совршени.
Свиткајте се на половина и „веслајте“ со шипка за да ги зајакнете грбните мускули. Многу е важно да го зајакнете тој дел од телото, за да избалансирате со градните мускули. Градните мускули нема доволно добро да се развијат доколку имаат дисбаланс со грбните мускули, затоа секогаш водете сметка за грбните мускули.
За момент заборавете на лежењето на бенч клупа. Пробајте со гимнастички кругови или TRX траки, како еден вид на тренинг за подобри резултати. Наместо стандардните движења, вежбите за потисок правете ги со сопствената тежина за да активирате повеќе пекторални мускулни влакна.
Поголемиот број на боди билдери прават грешка со различните варијации на бенч пресата. Вежбите ги прават под вертикален агол и на тој начин пренесуваат голема количина на стрес на предниот дел и рамениците. Наместо тоа, вежбајте под агол од 20-25 степени, со што движењата би биле подиректни и посигурни.