Лудило! Вака живее мафијата: Паднал најголемиот италијански бос и целото негово семејство! Кога полицијата влегла во палатата...

Точка

19/07/2018

21:22

14.946

Големина на фонт

а а а

Италијанската полиција уапсила 31 член од мафијата Касамоника во големата акција ширум земјата.

Во акцијата за апсење на еден од најозлогласените мафијаши во Италија, Џузепе Касамоника, учествувале повеќе од 250 полицајци. 

Покрај него, уапсени биле и голем број членови на неговото семејство.

Мафијашите кои биле уапсени ширум Рим и јужна Италија, се товарат за трговија со дрога и изнудување на пари.

Куќата на Џузепе Касамоника била главно собиралиште на "неговите опасни луѓе", а при претресот на куќата, пронајдени биле 50.000 во кеш, бројни банкарски сметки, луксузни часовници и автомобили, пренесуваат италијанските медиуми.




Спонзорирани линкови

Маркетинг