Трамп ги нарекол Црногорците агресивни и дека ќе ја предизвикаат Третата светска војна, а тие жестоко му возвратиле

Точка

19/07/2018

19:07

5.468

Големина на фонт

а а а

"Се навикнавме да имаме претседател на САД кој обединува и ги промовира вредностите на Западниот свет, а сега, наместо лидер, имаме шоумен", рекол Борис Раониќ, програмски директор на Граѓанската алијанса за "BBC", по изјавите на Доналд Трамп дека Црногорците се агресивни луѓе кои можат да предизвикаат Трета светска војна.

Ранко Кривокапиќ, претседател на СДП и поранешен претседател на црногорскиот парламент, за британските медиуми дека Доналд Трамп веројатно е најчуден претседател во историјата на САД. 

Во својата изјава оставил впечаток на некој што не е импресиониран од дипломатскиот пристап на првиот човек на САД, и со начинот со кој се носи со проблемите во светот.

"Со ваков претседател и неговите познавања од надворешната политика, кој знае што се случува. Надворешната политика не му е силна страна", рекол Кривокапиќ за "BBC".

Борис Раониќ, програмски директор на Граѓанската алијанса, рекол дека одвај можел да поверува во изјавата на Трамп. Како што додал, Трамп очигледно не го чита тоа што му го подготвуваат од Стејт департментот.

"Затоа имаме такви глупави изјави, кои очигледно покажуваат недостиг на знаење но и почитување за улогата која САД ја имаа досега", рекол Раониќ.

Кривокапиќ рекол дека мирот во Црна Гора не е во никаква опасност, додека Раониќ истакнал дека не е воодушевен со карактеризирацијата за Црногорците на Трамп.

"Црна Гора расчисти со својата воена традиција пред повеќе од половина век, изјавите на Трамп во најмала рака се невкусни, бидејќи сме на пат кон Европската Унија. Како членка на НАТО си обезбедивме дополнителна безбедност", рекол Раониќ.

Црногорските службеници изразиле загриженост и дека Црна Гора не служела како "кусур" во текот на самитот Трамп-Путин.

"Се надевам дека Црна Гора не била тема на разговорите во Хелсинки, искрено се надевам дека Трамп само одреагирал на прашањето на "Fox", и дека неговата порака нема подлабоко значење", рекол Кривокапиќ.

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервјуто за "Fox News" рекол дека Црногорците се силен но и агресивен народ, кој би можел да предизвика Трета светска војна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг