Популарниот француски режисер обвинет од актерка: Пиев чај со него во хотел и се онесвестив, а потоа - хорор

Точка

19/07/2018

14:14

2.586

Големина на фонт

а а а

59-годишниот Лик Бесон, популарен француски режисер во ноември минатата година на Твитер објавил неколку кадри од филмот кој во тоа време го снимал паралелно во Белград и Русија.

Станувало збор за филмот "Ана", во кој главните улоги ги толкувале Лук Еванс, Килијан Марфи и Хелен Мирен. 

Лик сепак е најпознат по серијалот филмови "Такси", а во петтото продолжение глумела и француската актерка, 27-годишната Сан Ван Рој, која го обвинила Бесон за силување.

Таа неодамна во интервју за телевизијата "BFM" рекла дека Бесон на 18. мај оваа година ја силувал во една хотелска соба во Париз.

"Мислев дека ќе умрам. Следниот ден чувствував таква болка што се онесвестив. Кога односот е толку насилен, тоа е силување. Плачев, го молев да престане и повраќав. Ме тераше на одвратни сексуални чинови, иако му покажував дека не сакам да го правам тоа. Тоа без сомнение беше силување", рекла актерката во изјавата.

Таа досега глумела во два негови филмови, а насилството го пријавила и во полиција. Во изјавата рекла дека, откако испила чај, се почвуствувала лошо и се онесвестила, а потоа наводно Бесон ја силувал.

Инаку, таа и Бесон, според некои медиуми, се во тајна љубовна врска која трае последните 2 години.

Француските медиуми пренесуваат дека режисерот моментално е под истрага поради овие обвиненија за силување, а адвокатот на Бесон, Тиери Маремберт, ги негира овие обвиненија наведувајќи дека се дел од фантазијата на Сан.




Спонзорирани линкови

Маркетинг