Глумецот може да го "уништи" само една жена, а таа го направи токму тоа

Супермен

19/07/2018

15:10

4.234

Големина на фонт

а а а

Никој нема повеќе материјал од поранешната. Така и Деми Мур во неодамнешен говор гo најави поранешниот сопруг Брус Вилис. Сепак, некогашните љубовници и брачни партнери покажале дека после сè се во одлични односи.

Сосема случајно и спонтано или не, Деми се појави на прикажувањето на комедијата која ја снимил Брус Вилис. Деми се појави на подиумот, застана пред микрофон и рече: 

"На нашиот брак гледам како "шесто сетило", ти цело време беше мртов". Насмевките не изостанаа, па ниту прегратките, иако Брус беше прилично изненаден со нејзините зборови, пренесуваат медиумите.


Деми и Брус беа во брак од 1987 до 2000 година и имаат три ќерки.

За неговите вештини да се прави мртов во бракот, Деми рекла:

"Кога се роди Румер имавме распоред за менување на пелените. А, кога неговиот ред ќе дојдеше знаеше да ми каже дека ќе ми плати илјади долари само да го заменам".


"People" пишува дека глумицата имала уште поризични шеги, помеѓу кои и оние за Харви Вајнштајн.

"Брус имаше клучен момент во кариерата кога се појави во филмот "Евтини приказни". Мислам, таков акционен јунак одеднаш се појави во мал филм. Но, потоа отиде во хотелот кај Вајнштајн. Не знам што се случуваше таму, но веднаш доби голема улога", рекла Деми.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk